Македонија

Патник на Аеродромот Скопје под истрага за дроги

Скопје, 15 Октомври 2018 – Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице со двојно државјанство – на Република Франција и на Република Косово, поради постоење на основано сомнение дека лицето сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 1 од Кривичниот законик. Кај осомничениот, при излез од Република Македонија на Аеродромот Скопје, биле пронајдени околу 2,9 килограми наркотична дрога – марихуана. Дрогата била пронајдена при царинска проверка и рентген контрола на црна торба, која осомничениот ја пријавил како личен багаж. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Ваквиот предлог беше прифатен и од страна на судија на претходна постапка на лицето му е определен притвор во траење од 30 дена.
Ljupco
Ljupco
Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток