Македонија

Во „Белиот дворец“ се навестува кампањата за избори?!

„Борба, правда, слобода, иднина! Силна индивидуа – силна држава!“ Ова се слогани кои од вчера може да се видат во т.н. „Бел дворец“ каде е седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Дали партијата веќе постави пропаганден материјал за избори или ова е некоја интерна кампања останува да видиме.

Интересен е слоганот „Силна индивидуа – силна држава“ бидејќи во него се спомнува зборот „индивидуа“ кој е во спротивност со децениската доктрина на партијата од време на Никола Груевски, кога индивидуата се потиснуваше и се фаворизираше колективна свест без индивидуален став.

Покрај новите слогани, во ВМРО ДПМНЕ како декор покрај партиското и државното стои и знамето на Европска Унија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток