Македонија

Се разгледува ново мнозинство на СДСМ со 8-те пратеници, БЕСА и Алијансата

По изборите се планира „пукање на тиквата“ во Владата.

Ново мнозинство на СДСМ заедно со осумте пратеници исклучени од ВМРО ДПМНЕ, БЕСА и Алијансата на Села и реконструкција на Влада е опцијата која во моментов се договара меѓу овие политички субјекти – дознава „Скопје1“ од извори во групата пратеници кои се исклучени од ВМРО ДПМНЕ.

На оваа тема работи и странскиот фактор кој деновиве оствари средби со осумте пратеници исклучени од ВМРО ДПМНЕ, а амбасадорите во јавноста испратија пораки на поддршка кон дејствувањето на осумте пратеници исклучени од ВМРО ДПМНЕ.

Веќе подолг временски период во политичките кругови се зборува дека коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ е на стаклени нозе. Извори за „Скопје 1“ велат дека однесувањето на функционерите од ДУИ е главен проблем за СДСМ, кои пак тоа не можат да го дозволат под притисок на јавноста. Но, овие информации никој не сака да ги потврди.

Во изминатиот период, ДУИ не дозволуваше да се отпочне постапката за носење на нацрт-законот за Јавно обвинителство со кое се регулира статусот на СЈО. Главна причина за ова се постапките кои се водат против функционери на ДУИ. Но ова е последната информација која се појави во јавноста.

Претходно, министерката за труд и социјална политика излезе со обвинување за директорот на Фондот за пензиско и здравствено осигурување, каде тврдеше дека не се уплаќани пензиски средства за граѓаните. Ова наиде на остра критика и лутење од страна на ДУИ.

Еден од низата скандали е легализацијата на дивоградби градени од функционери на ДУИ, но без потребни дозволи. Градоначалниците пак, не сакаат да постапат согласно законите и да ги урнат дивоградбите. Пример за ова е платформата на Матка, која наместо да се урне, таа и натаму се гради. Иако СДСМ постојано се повикува на законите, од ДУИ немаат намера да ги почитуваат.

И во коалиционите партнери преовладувало мислењето дека толерирањето на ДУИ мора да има крај , а ослободување од ДУИ чии кадри со своите дејствувања го уништуваат редот и поредокот во државата се повеќе се гледа како опција и кај странскиот фактор.

Фунцкионери од СДСМ го гледаат ДУИ и како пречка за интеграцијата во ЕУ и отпочнување на преговорите, оти нивни кадри ги кршат законите и не дозволуваат да се спроведат во пракса. Премиерот Заев е лут на ова и постојано се обидува да најде „средина“ за да остане коалицијата. Заев во изминатиот перид кажа дека имаат несогласувања со ДУИ, но дека не се скарани.

Но, според нашите извори, ДУИ нема уште долго да биде заедно со СДСМ, доколку продолжат со вакво однесување. Чашата се прелива, а епилогот ќе треба да се види по изборите, кога е можно СДСМ да бара престанување на коалицијата со ДУИ.

Доколку ДУИ излезе, се наѕира нова коалиција со Алијанса за Албанците, БЕСА и независните пратеници, кои ќе обезбедат ново мнозинство во Собранието.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток