Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Заев по којзнае кој пат на вработените во Еурокомпозит во Прилеп им ветија дека ќе им го решат проблемот

Лицемерието на Зоран Заев и СДСМ нема крај. Денеска по којзнае кој пат на вработените во Еурокомпозит во Прилеп им ветија дека ќе им го решат проблемот со заостанатите долгови на фирмата. Вработените во Еурокомпозит две години се лажат од власта дека само што не се решени нивните проблеми, а решението никако да го најдат. На владата ќе им заврши мандатот, а нема да успеат да најдат никакво решение ниту за Еурокомпозит ниту за било која друга фирма што има проблеми поради погрешните економски политики, се вели Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на Владата на Република Македонија од посетата на Зоран Заев и Кочо Анѓушев на Еурокомпозит во Прилеп.

Прилепчани на жртви на лажните ветувања на СДСМ. Ниту една нова инвестиција не е отворена, а веќе постоечките се уништуваат. Овие ветувања на Заев и СДСМ веќе не поминуваат кај граѓаните кои се уверија во неспособноста на оваа власт да ја води економијата. По негативната оцена која ја доби од сите германски инвеститори владата на СДСМ очајно се обидува во јавноста да се прикаже дека нешто работи.

Ниту Зоран Заев ниту Кочо Анѓушев не успеаа да направат нешто за македонската економија кој секојдневно тоне, а граѓаните стануваат се посиромашни. Оваа влада предводена од СДСМ мисли само како да си намести тендери за фирмите на своите функционери.

СДСМ на следните избори ќе го добијат одговорот од граѓаните за нивните погубни политики.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток