Свет

Без меѓусебно признавање, нема редефинирање на границите

Претседателот на Косово Хашим Тачи инсистира дека неговиот став во однос на корекцијата на границите со Србија, и покрај противниците на таа идеја, е „заснован на Уставот и законите и не може да се спори“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за телевизијата Т7, Тачи синоќа рече дека „можеби и би се повлекол од идејата за промена на границите во име на национален консензус“.

– Кога ќе слушнам други, подобри, идеи ќе размислам. За сега не сум чул подобри идеи за затворање на дијалогот со Србија, изјави косовскиот претседател, кој е главен преговарач во дјалогот со Србија, што се одвива во Брисел под покровителство на Европската унија.

Нагласувајќи дека решително се залага за корекција на границата со Србија, Тачи рече дека „би сакал дијалогот да се случи и Косово, ако е можно, да биде што по единствено“.

– Нема меѓусебно признавање (со Србија) без дефинирање на границите, изјави Тачи во емисијиата „ДПТ со Фидан“ на приштинската Т7, а пренесува Цивилмедиа.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток