Македонија

Најчевска: Невозможно да градиш демократска држава каде живеат огромен број глупи луѓе

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека невозможно е да се гради демократска држава во услови на ваква концентрација на глупост.

„Северна Македонија е една од најпримитивните држави кои сум ги видела во светот (а сум прошетала навистина доста). Во неа живеат огромен број глупи луѓе. Многу глупи луѓе. Луѓе кои испогануваат се што ќе допрат.
Кои најпрекрасната природа ја претвораат во пустелија.
Кои ќе испоцркаат затрупани во сопствениот измет.
Кои немаат елементарно разбирање за тоа што е заедничко добро, што е тоа што го наследиле од дедо-прадедо, што е тоа што треба да им го остават на своите деца.
Глупи и тупи.
И навистина е невозможно да градиш демократска држава која се потпира на владеење на правото во услови на ваква концентрација на глупост.
И немој да сум слушнала збор дека повторно го навредувам македонскиот народ.
А тоа верниците нека се пикнат во некоја дупка да не ги гледам. Како бре може да бидете верници и да ја испоганите творбата на оној во кој верувате. Не сте вие верници туку крлежи.
Како бре можете да го испофрлате сето ова ѓубре во нашата прекрасна рекичка? Како можевте толку да ја испоганите Бањанска река да не може да се стапне до неа?
Купишта ѓубре не доаѓаат од еден човек. Доаѓаат од голем број многу глупи и примитивни луѓе“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток