Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за две години го зголеми бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија за 100 000

СДСМ за две години го зголеми бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија за 100 000. Тоа значи дека Зорав Заев , Мила Царовска и криминалниот картел околу нив дневно по 140 граѓани доведувале до питачки стап, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ денеска отворено ја призна оваа катастрофа со која што се сочуваат полoвина милион жители на Македонија.

Арамиите од СДСМ без срам сакаат да им брцнат во џебот и на овие социјално најранливи категории.

По налог на Зоран Заев и Мила Царовска им се крати помошта која што ја добиваат од државата.

Со новиот Закон за социјална заштита, министерката Царовска ќе го намали на 50% додатокот за покривање на дел од трошоците за потрошувачки енергенси во домаќинствата.

СДСМ го укина и користењето на надоместокот на услугата помош и нега во домот, доколку истовремено се користи услугата лична асистенција.

Оваа ненародна власт ги укина стекнатите права на граѓаните кои беа гарантирани со мерките за трето и четврто дете.

Во предизборието ветуваа социјална помош од 12.000 денари, но излажаа, како и за се друго.

Сето ова покажува дека СДСМ води целосна негрижа во доменот на социјална заштита. Доаѓа денот кога граѓаните ќе стават крај на овие погубни политики на СДСМ“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток