Македонија

Мајката на Пино побарала помош од Заев, тој ја пријавил во полиција

Денеска пред Собранието на Македонија се одржа протест на роднините и пријателите на иcчeзнатите Пинета Секондо Пино и Арбен Аслан. Пино и Арбен се исчeзнaти веќе подолг период, а нивните роднини и пријатели протестираат поради како што велат неажурноста на МВР во пронаоѓањето на нивните најблиски. Таткото на Арбен и мајката на Пино пред камерата на Инфомакс истакнаа дека воопшто не се задоволни од начинот на кој полицијата работи на нивните случаи и во повеќе наврати изразија сомнеж дека можеби некој одвнатре работи нивните деца да не бидат пронајдени.

На прашањето дали можеби имаат контакт со Зоран Заев и двајцата одговорија потврдно. Мајката на Пино, Маја Трпковска истакна дека контактирала, а набрзо откако тоа се случило била пријавена од страна на Зоран Заев во полиција за вознемирување. Очигледно Заев излaжa и дека дневно одговара на преку 4 илјади пораки со оглед на тоа што луѓето кои се обидуваат да побараат помош од него тој ги пријавува во полиција.

-Контактирав, ме пријави, имам пријава од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на Вибер и не одговараше на моите пораки на Вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа пријави. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме пријавува за вознемирување.

Извор: Инфомакс.мк

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток