Коментари

Таткото на загинатата Фросина со жестоки критики до судот: „Судијка на мафијата, ништо не се движи, само копаме гробови“

Тодор Кулаков, таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, реагираше остро поради денешното одложување на рочиштето каде се гони таткото на возачот кој ја усмрти неговата ќерка. Обвинет во случајот е Зоран Јованов. Причина за одложувањето беше отсуството на обвинетиот и неговиот адвокат, Сашо Дуковски.

Во својата јавна објава, Кулаков ја нападна судијката која го води случајот, нарекувајќи ја „судијка на мафијата“ и обвинувајќи ја за прикривање на криминал преку манипулации со АКМИС системот за автоматска распределба на предмети. Според него, истата судијка го води и предметот против Васил Јованов и предметот против неговиот татко, што, како што вели, е „класична манипулација“.

„Ова веќе не е судски систем со 2% доверба. Ова е систем со минус доверба – директно поврзан со мафијата. И тоа веќе не се ни крие“, вели Кулаков.

Тој најави и иницијатива за кривична одговорност за сите инволвирани, повикувајќи се на судска пракса која, според него, покажала дека „манипулации со АКМИС системот завршуваат со затвор“.

Водел од објавата, Кулаков пишува:

„Додека ние копаме и градиме гроб за Фросинче, мафијашкото семејство на Васо ги потплатува судиите, обвинителите, адвокатите, полицијата…“

Тој порачува дека нема да престане да се бори за правда за неговата ќерка и обвинува дека институциите се активни соучесници во неправдата.

На почеток