Македонија

Муцунски од Хаг: Единството на НАТО е најсилната алатка – поддршка за Украина останува приоритет

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски престојува во Хаг како дел од македонската државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на покана на новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте. Посетата се одвива по повод самитот на Алијансата.

Муцунски учествувал на работна вечера во форматот Совет НАТО – Украина, на која присуствувале и украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, како и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.

Во своето обраќање, шефот на македонската дипломатија истакна дека кохерентноста и единството се клучни во справувањето со заедничките безбедносни закани, нагласувајќи ја потребата за засилени инвестиции во одбранбените капацитети.

„Континуираната координација меѓу сојузниците е единствениот начин да постигнеме заеднички успех“, истакнал Муцунски.

Тој се осврнал и на ситуацијата во Украина, изразувајќи поддршка за праведно и долгорочно решение преку директни преговори меѓу Киев и Москва, поддржани од САД и европските партнери.

Македонија, рече Муцунски, останува посветена на поддршката за Украина, во согласност со своите капацитети.

На почеток