Едно лице на лекување, стан изгоре до темел во Делчево

Од
Објавено на

Во текот на ноќта, околу 00:20 часот, во станбената зграда „Брод“ на булеварот Македонија во Делчево избувна пожар, при што целосно изгоре еден стан.
Во пожарот нема повредени лица, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од страна на екипа на Итна медицинска помош за дополнителен преглед.
На терен интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица Делчево, како и припадници на полицијата. Пожарот бил ставен под контрола и целосно изгаснат околу 01:30 часот по полноќ.
Надлежните институции најавија дека дополнителни детали за случајот ќе бидат соопштени во текот на денот.
