Македонија

Топло и до 40 степени, но попладне можно е да има невреме

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

На почеток