Свет

(Видео) Топовски удари, солзавци, апсења

Студентскиот протест наречен „Се гледаме на Видовдан“, кој вчера се одржуваше во Белград, околу 21 и 22 часот, како што претходно прогнозираше претседателот Вучиќ прерасна во бран на инциденти и апсења во центарот на главниот град на Србија.

Ова се случило откако демонстранстите се обиделе да се доближат до „Ѓациленд” во паркот „Пионир“. Интервенираа и силни полициски сили при што дојде до судир со демонстрантите, употреба на топовски удари, солзавци, а камерите забележаа апсења.

Имаше сериозни инциденти кога полицијата доби наредба и тргна на насобраната толпа граѓани и почна да ја притиска. Насобраните фрлаа со разни предмети.

До инцидентот дојде пред амбасадата на Турција.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави обраќање за денеска во 11 часот.
Според Архивата на јавни собири на повикот на студентите учествувале околу 140.000 луѓе, објави Индекс.

На почеток