Свет

„Седна пред најголемата срамота на Србија“ – жена застана пред кордонот со полицајци

На „Видовден“, илјадници граѓани излегоа на улиците на Белград по повик на студентите во блокада, протестирајќи против Српската напредна странка. По собирот на платото кај Славија, демонстрациите се прелеаја кон зградата на Собранието, каде избија тензии и помали инциденти.

Сцената која најмногу одекна на социјалните мрежи беше фотографија од жена која сосема сама, мирно седеше на асфалтот пред кордонот полицајци. Без збор, без гест, нејзината тишина стана гласна порака.

„Моќ на жената“, „Симбол на отпорот“, „Седна пред најголемата срамота на Србија“ – беа само дел од коментарите на граѓаните. Многумина ја споредија нејзината гестика со историјата на ненасилен отпор, симболизирајќи го достоинството на поединецот пред системот.

Протестот, и покрај изолирани инциденти, беше главно мирен, а студентите најавија дека нема да престанат со блокадите и протестите додека не бидат исполнети нивните барања за правда, демократија и одговорност.

На почеток