Коментари

Костадинов до Латас: Осветата ќе си ја добиеш, кога ќе шеташ по улица ќе гледаш преку рамо, нема да знаеш од кај ќе дојде наплатата

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, објави остар статус на својот Фејсбук профил, со кој директно му се обрати на новинарот Драган Павловиќ – Латас, ветувајќи му „освета што ќе ја носи целиот живот“. Повод за реакцијата е изјава на Латас, во која, според Костадинов, бил споменат неговиот покоен татко на навредлив начин.

„Го изговори името на мојот татко со гадна уста. Сега ти нема враќање“, пишува Костадинов, додавајќи дека со ваквиот напад Латас не удрил по него, туку „по мртов човек, по мојата крв, по основата на сè што сум“.

Тој вели дека не станува збор за хумор или критика, туку за отворен напад врз семејната чест, најавувајќи дека ова нема да остане неказнето.

„Цела фамилија Костадинови те чека. Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности.“

Во постот, градоначалникот му порачува на Латас дека осветата ќе биде лична, долготрајна и ќе го следи цел живот.

„Стапот има два краја. Твојот е безмилосен. Без прошка. Без заборав.“

На почеток