Охрид

Детали за запалениот глисер: Пожарот избувнал при спуштање, оштетени се и други два-три пловни објекти

Глисерот кој утрово гореше во каналот Студенчишта се запалил при спуштање, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за „Скопје1“. Тој посочува дека веднаш било реагирано, повреднеи дена, а пожарот оштетил и други пловни објекти.

„Пожарот е настанат во момент на спуштање на глисерот во каналот. Пријавено е во 10:30 часот. Настанал пожар во пловило-глисер. Веднаш имаат интервенирано припадниците од езерската и сообраќајната полиција, како и припадниците од Армискиот центар за обука на вода. Потоа се придружуваат и пожарникарите. Повредени лица нема, предизвикана е материјална штета на глисерот на кој настанал пожарот и два-три други пловни објекти. Увидот е завршен. Јавен обвинител има добиено информација, повратно се добиени насоки за постапување“, велат од МВР.

На почеток