Коментари

Ескалира конфликтот меѓу Латас и Костадинов: Ако си маж, дојди, а поттикот на убиство е кривично дело

Новинарот Драган Павловиќ Латас преку јавна објава на социјалните мрежи најави дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, обвинувајќи го за, како што наведува, „повик на убиство“ и „илустрирање со крв“.

„Малиот градоначалник на Струмица, викан Кока, повика на убиство – мое, заради кажан збор“, пишува Латас во објавата, алудирајќи на претходниот пост на Костадинов во кој тој реагираше на контроверзни ставови на Латас, меѓу кои и неговата спорна квалификација дека Струмица е „бугарски град“ и дека неговиот починат татко бил коцкар. Покрај личните напади, Латас го повикува Костадинов „лично“ да изврши убиство ако, како што вели, „има му**“, тврдејќи дека во спротивно останува само „лигав полтрон“.

„Плукам на тебе и на твојата фамилија која те создала и воспитала таков, убиец во најава. Ти си срам за себе, за својата фамилија и за Струмица која масовно ја рекетираш и крадеш, за што допрва ќе се пишува и чита. Ни син, ни маж, ни политичар. Нула. Гнида отфрлена од сите. Меѓу неговите другари дилери и пријателите дилбери со дебели вратови и ментални проблеми има кандидати за извршување на неговите намери. Да се докажат пред лигавиот, да му учинат. Но, на крај тие ќе лежат во затвор наместо него, што баш и не им личи прифатливо. И поттикот на убиство извршено од друг е кривично дело. Нека не фрла друг во огин. Ако има муда, ако е маж, нека дојде – и нека го направи тоа. Или ќе го направи, иле ќе остане тое што е, лигав полтрон на Зоран Заев полуден што го оставила вереницата, му собрала имот и избегала за друг. Полуден што Зоран Заев се мисли дали да го кандидира пак за градоначалник. Полуден што апсењата на бандата од Заев веќе почнаа, а тој е еден од нив. Полуден што феудализмот во Струмица завршува. Нека не чека долго. Или пукај, лично, и емитиконите со крв од постот претвори ги во дело. Или пушти вода во ќенефот на СДСМ и исчезни однесен од неа“, напиша Латас.

На почеток