Македонија

(ВИДЕО) Градоначалникот на Охрид цела година читал препишани говори од неговиот претходник

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски цела година читал препишани говори од неговиот претходник Никола Бакрачески.

Портпаролите на Стојаноски најпрво на 8 Декември 2017, на Свечената академија кога се доделувала највисоката награда на градот Охрид,  наградата „Свети Климент Охридски“  му дале да чита дословно препишан говор кој неговиот претходник Никола Бакрачески го читал на ист датум и по ист повод, само во 2013 година.

Последен пат портпаролите на Стојаноски му дале да чита препишан говор кој Никола Бакрачекси го читал на 11 Октомври на свеченост по повод тој празник, со тоа што во говорот на Стојаноски вметнале и реченици кои ги читала поранешната Претседателка на Советот на Град Охрид Гордана Коњаноска.

Во Општина Охрид во секторот за комуникации со јавноста се вработени 10 лица.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток