Скопје

Граѓаните до Шилегов: Улица Столтенбергова изгледа како НАТО да ја бомбардирала

Улицата „Столтенбергова“ се наоѓа во ужасна состојба, a граѓаните апелираат до градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов да поведе сметка за нејзината состојба.

„Градски парк #Скопје
Улица Столтенбергова 🤦‍♂️

Па добро бе градоначалнику Шилегов, па бива ли до волку да се мајтапиме со генералниот секретар на НАТО?
Со градоначалникот на Центар – Богдановиќ го прошетавте ли Јенс Столтенберг 100-200м подоле да си ја види улицата именувана по татко му ?
Како НАТО да ја бомбардирала е. Кратер до кратер.

А дали и вие воопште сте биле?
Изгледа не.

Небитен ни е Столтенберг.
Тој не вози по улицава. Ние граѓаните ја возиме. Ние кои плаќаме даноци за вие да не работите и централен градски парк да дозволите да има ваква улица со кратери.

Срамота е ова. Имуни на кратери ќе станеме уште малку. Не ве биравме за низ вакви дупки да возиме“, се вели во објавата.

To Top
Close