Свет

Обид за киднапирање автобус во Љубљана, загина едно лице

Едно лице е убиено во градски автобус кој вршел јавен превоз во Љубљана бидејќи, како што наведуваат словенечките медиуми, се обидел да го киднапира возилото и му се заканил на возачот дека ќе го убие.

Непознато лице го присилило возачот да тргне кон обиколницата, заканувајќи му се дека ќе го убие со штрафцигер, јавува словенечкиот „Дело“.

Но, возачот останал присебен и свртел во правецот во кој сакал киднаперот, но потоа намерно минал на црвено светло на семефор за да ја предупреди полицијата.

Полицијата потврди дека дошло до инцидент и дека едно лице настрадало, а според неофицијални информации, станува збор за напаѓачот, додаде „Дело“.

Локалните медиуми соопштуваат дека и една од патничките наводно успеала да ја алармира полицијата за инцидентот, кој се случил синоќа околу 21 часот, додавајќи дека полицијата неколку пати се обидела да го запре возилото, по што киднаперот бил убиен.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток