Република

Жолта лента за пицеријата кај Чинарот од Охрид, откако советник градеше без дозвола

Советникот на Општина Охрид, Нефи Усеини, доби „жолта лента“ на дивоградбата кај Чинарот, односно забрана за градење на локацијата

Ова следува откако повеќе од еден месец, Усеини, градел без дозвола од Општина Охрид. Општината му даде рок на инвеститорот да ја урне градбата во рок од десет дена, но и по рокот, дивоградбата не е остранета.

Сега, дивоградбата ќе треба да ја отстрани Општина Охрид.

На ова место и претходно имаше летна тераса, со договор за краткокраен закуп на просторот, а објектот функционираше како пицерија

 

Најчитани

To Top
Close