На 05.04.2019 година во 20,45 часот на локалниот пат во с.Жеровјане кој води кон с.Радиовце при вршење на контрола на патниот сообраќај од страна на полициски службеници од Полициското одделение Камењане било запрено патничко моторно возило “Фолсфаген венто“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Х.К.(27), а како совозач било лицето Н.Е.(27), а во возилото бил и Р.И.(18) сите од с.Г.Седларце.
При извршениот преглед над лицата, возилото и багажот пронајдена е марихуана и ризли.
Лицата се приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.
