Магазин

ГАЛЕРИЈА: На Скопје му се случи невиден спектакл, а на Саша настап за кој ќе се зборува со години

На Скопје му се случи нешто што одамна му требаше, а тоа е вистински спектакл. Спрската ѕвезда Саша Ковачевиќ на концертот кој го одржа во Борис Трајковски успеа сите да ги крене на нозе, но и да пејат заедно со него, а со тоа да уживаат во бескрајно добрата атмосфера. Концертот беше во организација на „Балкан медиа“.

Концертот на Ковачевиќ започна со „Још ти се надам“, која наместо тој, ја пееше публиката. Атмосферата се загреа за нецела минута откако тој излезе на сцена.

Оние кои беа во првите редови пред Саша, со кренати раце се обидуваа да се поздрават него, додека останатите, со кренати телефони правеа снимки за на социјалните мрежи.

Уште во првите минути откако Ковачевиќ излезе на сцена кажа дека по три години се враќа на нов концерт во Скопје, оти најомилената публика му е во Македонија. Тој додаде дека кога и да пее во нашата држава, атмосферата е секогаш посебна.

Публиката се прилагодуваше на темпото на неговите ултра познати композиции, иако репертоарот беше измешан, а песните одеа брза, спора, брза. Концертот не можеше да заврши без песните како „За мало твој“, „Температура“, „Браним“, „Кажеш не“, „Како после нас“. Премиерно, Саша за публиката ја испеа и „Преварена“, композиција која ја објави пред неколку денови.

Публиката коментираше дека за концертот на Саша во Скопје ќе се зборува уште долго. На сцената му се придружи и Љуба Станковиќ, кој ја отпеа „Бато“ од Калиопи, а потоа настапи и неговата сестра.

На Скопје му се случи невиден спектакл, а на Саша настап за кој ќе се зборува со години

На Скопје му се случи невиден спектакл, а на Саша настап за кој ќе се зборува со години

Posted by skopje1.mk on Sunday, April 7, 2019

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток