Македонија

Силјановска: Преживеаните Македонци на „Титаник“ ги запишале како Македонци кога пристигнале во Америка

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, вчера зборуваше на митинг пред струмичани.

Силјановска во својот говор се задржа на промената на името и праша зошто ако може Србија на Србите, Бугарија на Бугарите, Грција на Грците, да не можеме, како што рече, да кажеме Македонија на Македонците.

–Кога на бродот „Титаник“ се качиле некои Македонци и кога преживеале, во Америка ги напишале како Македонци, а сега ние треба да докажуваме. Замислете да треба да докажувате дека сте маж или жена, тоа се незамисливи потфати – додаде таа.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток