Свет

Хашим Тачи нареди – избори во српските општини на 19-ти мај

Косовскиот претседател Хашим Тачи  нареди  четири српски општини да одржат нови избори на 19-ти мај , објави АП.Тој рече дека одлуката е донесена “во консултација со политичките партии”.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај пак  ги повика граѓаните од четирите општини со мнозинство српско население во северно Косово да излезат на 19 мај на вонредните локални избори и да гласаат за своите кандидати за градоначалници.

Медиумите објавуваат дека со овој потег ќе се интензивираат тензиите меѓу Косово и Србија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток