Македонија

Стоилковски: Пендаровски во едно телевизиско интервју го покажа сиот Заевизам што го спроведува

Вчера Стево Пендаровски го покажа своето лице уште еднаш, покажа дека е кандидат на Заевизмот, и дека всушност го претставува второто лице на истата паричка заедно со Зоран Заев.

Искусен во службите, Пендаровски вчера бесрамно во едно телевизиско интервју изнесе повеќе невистини, во обид да го злоупотреби токму гостувањето во медиумот. Во само еден час, Пендаровски го покажа сиот Заевизам што го спроведува, што го продава и што се обидува да го наметне за следните 5 години, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе набројам неколку од примерите:

Како прв, Пендаровски вчера бараше доказ дека некогаш не споменал СТОКА за народот, веројатно сметајќи на акцијата за бришење на таа изјава од социјалните медиуми. Ако Пендаровски ја нема во своите архиви и ја бараше вчера од медиумот, тука сме да го потсетиме.

Еве го потсетуваме на изјавите Стево Пендаровски како тој вели дека народот бил стока, го качувале во автобуси, дека луѓето биле затворани во трло и дека ако се луѓе не би требало да бидат, присутни а станува збор за еден собир од 2015 година и дека партиските членови фактички не се луѓе.

Денес на истите граѓани Пендаровски демократски пак им порачува, на оние што доаѓаат и што ги носат според списоци по, нели со комбиња на неговите трибини, демократски им порача да не му се појавуваат пред очи ако загуби! Ова е класичен пример за заевизмот и за политичката филозофија „Кажувам заборавам негирам“

Продолжувам со втор пример, Пендаровски вчера бесрамно одглуми декане помни дека рекол дека е следен од разузнавачки служби, дека другиспоменале следење, а сите се сеќаваат како самиот во едно друго телевизискоинтервју порача дека бил следен од служби, и дека е загрижен за безбедноста!

Почитувани ќе потсетам дека дури и Заев и Спасовски потоа јавно изјавуваа дека нема опасност по него, а истото го направи и Генералниот секретар на партијата, Кирацовски.

Тоа уште еден заевизам покажан од страна на Стево Пендаровски, уште едно кажување, заборавање, негирање.

Ќе преминам на третиот пример од неколку издвоени од вчерашното гостување на Стево Пендаровски во едно телевизиско интервју. Тој вели дека присуството на министрите и на премиерот на митинзите не е спорна. Патем нели самиот претходно посочи дека Заев можел сам да му ја води кампањата. А еве што мисли ОБСЕ за таквото присуство, ќе се повикам на првичниот извештај од изборната 2014 година, кога на двојните избори СДСМ загуби од ВМРО- ДПМНЕ со над 200.000 гласови. ОБСЕ наведува, цитирам „во голема мера беа присутни премиерот и останатите министри од кабинетот. Јасната поддршка во текот на изборната кампања придонесе кон нерамноправен терен и нецелосно почитување на раздвојувањето на партијата од државата, согласно побарувањата од ставот 5.4 од Копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990 година, како и стандардите на Советот на Европа.

Е па почитувани, се мери ли работното време на Заев на Спасовски, на Манчевски министерот за партизација на администрацијата? Или не им е јасно дека тоа е заплашување на гласачите? Заплашување можеби за појавување на митинзите според утврден список? Или како да гласаат?

Тоа е уште еден пример од неколкуте што ги посочив, само од едночасовно интервју зошто Стево Пендаровски е марионета во рацете на Заев.

Секојдневно Пендаровски потврдува дека е искусна марионета во рацете на заевизмот. На Македонија и е многу и еден Заев, на Македонија и е потребна правда и правдина за Македонија и таа правдина за Македонија ќе победи, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток