Свет

ВИДЕО: Уапсен основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Како што јави ДПА, Асанж бил уапсен откако ја напуштил зградата на Еквадорската амбасада во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.

Скотланд јард соопшти дека полицајците само го спровеле налогот за апсење на 47-годишниот Асанж.

Четириесет и седумгодишниот Асанж е баран и во САД, каде што Министерството за правда има покренато обвиненија против него за објавување тајни документи.

Претседателот на Еквадор Ленин Морено изјави дека го има повлечено азилот на Асанж поради постојано прекршување на меѓународни конвенции.
Асанж некои го доживуваат како херој, бидејќи како што сметаат, ги разоткрил владите по повод злоупотребата на овластувањата и го сметаат за борец за слободата на говор. За други тој е бунтовник кој ја загрозил безбедноста на САД.
Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток