Македонија

Георгиески : Современи улици – Безбеден сообраќај

Динамиката и текот на современото живеење ја наметнуваатпотребата од нови и функционални облици на мобилност за граѓаните и туристите во Охрид, особеново делот на сообраќајот. Во фаза сме на реализација на многу идеи и проектиза обезбедување насообраќајни решенија кои се важни за сите граѓани. Нашата цел е Охрид да добие инфраструктура која ќе овозможи негов одржлив развој како туристички и културен центар, истакна Константин Георгиески,кандидат за градоначалник на денешната пресс конференција на која што се презентираше дел од предизборната програма.

Со поддршка на Министерството за транспорт започна реконструкцијата на главната сообраќајница во градот булеварот „Туристичка“. Минатата година ја реконструиравме улицата „Македонија“ во центарот на Охрид, а беа асфалтирани повеќе улици, тротоари и патеки во урбaните и руралните подрачја. Во тек е изработка на нова Сообраќајна студијаза Охрид, а имаме подготвено и значајни инфраструктурни проекти за реконструкција на неколку градски сообраќајници.

Во план е реконструкција на улицата „МакедонскиПросветители”. За оваа улица веќе е  изработен основен проект и со негова реализација централното градско подрачје ќе добие  сосема нов и современ лик.

По долги години, конечно го решаваме проблемот со улицата „Абас Емин”. Изработен е  проект за реконструкција,кој е предвиден во Развојната програма за уредување на  градежно земјипте и истиот ќе се реализира веднаш по реализацијата на проектите за реконструкција на водоводната линија, канализационатамрежа и атмосферската канализација на улицата. За овие три проекти е добиено одобрение за градба и истите се испратени до Министерство за транспорт и врски и се чека објавуавање на Тендер за реализација.

Со поставување на атмосферската канализација, ваќе се започнати активности зареконструкција на улицата „Егејска” во целата нејзина должина од улицата „7-ми Ноември” до крстосницата со улица „Железничка”.  Во Развојната програма за уредување на градежно земјиште предвидена е и реконструкција на дел од улица „7-ми Ноември” од пресекот со улица „Егејска” до пресекот со улица „Железничка”, а во тек е подготовка на основен проект за реконструкција на улицата„1-ва Македонска Ударна Бригада”од крстосницата со „ПитуГули” до „Стобекс” – Делница 1.

Во фаза на подготовка еи основен проект за рехабилитација на улицата „ЈанеСандански” од Кружен тек кај Гимназија до Кружен тек кај Болнички комплекс, а планирана е и реконструкција на улицата„АСНОМ” од пресек со Булевар „Туристичка” до пресек со улица „Карпош Војвода”.

Со реконструкција на овиеулици, Охрид ќе добие сообраќајна мрежа во согласност со сите современи текови и ќесеовозможатусловизабезбеден и динамичен сообраќај, што е од исклучителна важност и за жителите  на Охрид и за туристите кои секојдневно го посетуваат градот.

Работиме посветено, одговорно и домаќински, со цел да ги реализираме приоритетните проекти за Охрид и да обезбедиме подобра иднина за нас, нашите деца и за нашите поколенија. Само заедно можеме да имаме вистински и мерливи резултати!На 21-ви април да го заокружиме бројот 7 и да се одлучиме за уште една голем победа! Заедно Напред, За  Охрид, истакна Константин Георгиески,кандидат за градоначалник на денешната пресс конференција на која што се презентираше дел од предизборната програма.

 

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток