Свет

Сноуден: Предавањето на Асанж на британската полиција е „мрачен момент за слободата на медиумите”

Едвард Сноуден, американски разузнавачки агент кој доби азил во Русија, го осуди апсењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Според него сликите од властите на Еквадор додека ѝ го предаваат Асанж на британската полиција се мрачен момент за слободата на медиумите, пренесува РТ..

Сноуден во порака на „Твитер“ рече дека фотографиите од изнесувањето на Асанж, чија веб-страница е наградувана за новинарство, од Амбасадата на Еквадор ќе завршат во учебниците по историја.

Критичарите на Асанж може да навиваат, но ова е мрачен момент за слободата на печатот“, напиша Сноуден на Твитер.

Тој исто така објави скриншот од изјавата на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на ОН од 21 декември 2018 година, во која се бара Обединетото Кралство да ги почитува своите меѓународни обврски и веднаш да му дозволи на Асанж слободно да си замине од Амбасадата на Еквадор во Лондон.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток