Македонија

Уште еден ден за убедување на пратениците од опозицијата, расправата за уставните измени продолжува утре

Утре во 12 часот треба да продолжи собраниската расправа за пристапување кон измени на Уставот во врска со Договорот за името со Грција. Според текот на собраниската расправа во последните три дена тешко може да се претпостави дека власта обезбедила двотретинско мнозинство во Собранието, штоцзначи дека сме сѐ поблиску до уште едни предвремени парламентарни избори.

Вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои беа пријавени за дискусија се откажаа од дискусиите и ги повикаа и пратениците од мнозинството да се откажат од дискусиите кои, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, станале беспредметни. Тие побараа да се оди веднаш на гласање за предлогот за измена на Уставот.

Пратениците од парламентарното мнозинство, од коалицијата на СДСМ, не се откажааа од правото за дискусија, седницата продолжи и на списокот на пријавени дискутанти остана уште 22. Гласањето „за“ или „против“ уставни измени може да заврши в петок, а ано не заврши дискусијата, гласањето може да биде и в сабота.

Претставници на власта изјавуваат дека ако не се обезбеди потребното двотретинско мнозинство во Собранието за пристапување кон измени на Уставот, ќе се оди на брзи предвремени парламентарни избори, што значи во рок од 45 до 60 дена. И од опозицијата велат дека се за избори, но според измените во Изборниот законик, а тоа значи прво Влада според пржинскиот модел (нов премиер од владеачката партија, нови министри за внатрешни работи, за социјални работи и за земјоделство и неколку заменици министри од опозицијата) и подготовки за избори во рок од 100 дена.

Според последните изјави на претставниците на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, сите се убедени дека по изборите ќе имаат двотретинско мнозинство во Собранието.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток