Магазин

Охриѓанецот Адријан Битрак ја „чуваше“ една од најскапите ташни од Луј Витон

Охриѓанецот Адријан Битрак кој живее и работи во Токио, ја „чуваше“ една од најскапите ташни од  брендот Луј Витон, проценета на 250 000 долари. Ташната е со дијаманти и истата привлекува огромно внимание кај Јапонската публика која ја искористи можноста да ја види.

Битрак вели дека некои од артиклите изложени на овој настан биле и од половина милион долари, но дека и таа сума не е многу за ВИП посетителите кои  можат да си ги дозволат.

Инаку Луј Витон е еден од омилените модни брендови, но и еден од најмоќните, ако му веруваме на Форбс. Неговото препознатливо лого честопати е предмет и на копирање, но тоа не ја намалува вредноста на она што куќата го пренесува како модно богатство со генерации.

Луј Витон ја започнува својата кариера на изработувач на куфери уште на 16-годишна возраст. Модната куќа ја основа во 1854 година. Неговиот син Жорж Витон го креира новиот начин на закопчување односно заклучување на куферите.

За брендот се фотографирале бројни познати личности како Анџелина Џоли, Мадона, Дејвид Боуви… Но, малкумина знаат и ги изненадува фактот дека ѕвезда на една кампања беше и поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов.

Брендот е дел од LVMH група, која опфаќа 70 куќи, меѓу кои и Кристијан Диор, Дона Каран и Живанши. М и Н од LVMH се скратеници од  Moët и Hennessy, два популарни бренда за алкохол.

Во 2013 година, брендот Луј Витон беше споменат во песните на Канје Вест дури 19 пати.

 

 

To Top
Close