Република

Кој најмногу донирал за кампањата на Силјановска Давкова? – ДИК го објави извештајот

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во првата половина од претседателската кампања потрошила речиси 163 илјади евра. Опозицискиот кандидат како приходи пријавила 203 илјади евра од донации, се наведува во финансискиот извештај, објавен на веб страната на Државната изборна комисија.

Поголемите донатори за камапњата на Силјановска според јавно објавениот  извештај се пратеници и функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Најмногу донирал потпретседателот на партијата, Александар Николовски – 180.000 денари, а на листата е и пратеникот Антонио Милошоски со донација од 150.000 денари.

To Top
Close