Магазин

(ВИДЕО)Научниците оживуваат животно старо 42.000 години

Тим на руски и јужнокорејски научници се обидуваат да оживеат животно старо 42.000 години пренесува Daily Mail . Научниците велат дека се убедени дека ќе успеат да ги извадат клетките од стар фосил на ждребе од изумрен вид, со цел да го клонираат и да го вратат во живот.

„Истражувачите се сигурни во успехот на проектот, обидите ќе траат до крајот на април”, изјавил извор од Североисточниот федерален универзитет во Јакутск, најстудениот град на светот кој е домаќин на овој проект, пренесува “Siberian Times”.

Ова лесно ждребе, старо најмногу две недели кога угинало, е сочувано во речиси совршена состојба во сибирскиот пермафрост – состојба на вечен снег и лед – цели 42.170 години, тврдат научниците.

Овој обид да се обнови одамна изумрена врста на коњ би помогнала и во подоцнежните обиди за оживување на џиновскиот волнен мамут.

 

To Top
Close