Македонија

Осумте пратеници почнале да делат функции во идната коалициона Влада

Пратеници од Охрид почнале да делат функции во идната „пост изборна“ Влада во која ќе бидат дел, дознава „Скопје1.мк“.

Како што дознаваме директорски места, места на секретари во министерствата но и обични работни места се нуделе на членови на ВМРО ДПМНЕ, пред се на членови во комитетот во Охрид кои се сега активни во овој состав на комитетот, а биле активни и во време кога со комитетот раководеше пратеникот Љубен Арнаудов, кој сега е дел од т.н. „Осум пратеници“.

АКТИВНО РАБОТАТ ЗА ПЕНДАРОСКИ И КОНСТАНТИН

Инаку осумте пратеници ( или барем дел од нив ) се вклучени и во изборните активности. Во Охрид активно работат на страната на СДСМ и за локалните и за претседателските избори, нудејќи работни места и директорски места, но и позиции во идната коалициона Влада на членови на ВМРО ДПМНЕ.

„Скопје1.мк“ прв објави дека се подготвува вградување на т.н. „Осум пратеници“ во владината коалиција, а само неколку дена потоа во Охрид од наша страна беа фотографирани Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски во друштво на лица позиционирани во МВР, а блиски до СДСМ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток