Република

Трендафилов и Колев се сретнаа со жителите на Велгошти, ги слушнаа нивните маки

Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на ГДУ, Михаил Трендафилов- Нанче, заедно со претседателот на партијата, Петар Колев, и членови на Граѓанско Демократската Унија, денеска го посетија манастирот Св. Петка во Велгошти, се вели во соопштението од ГДУ.

Нанче се сретна со голем број локални жители и разговараше со нив за основните проблеми со кои што се соочуваат.

Во разговорите Трендафилов истакна дека еден од основните негови приоритети е Општината да заживее, и освен традиционалниот , да се развива и верски, рурален и авантуристички туризам. Трендафилов ги праша мештаните колку од предизборните ветувања на претходните градоначалници на Охрид за развојот на Велгошти се исполнети. Локалните луѓе изјавија дека како и секогаш тие што дошле до градоначалничката фотелја ветувале многу, но речиси ништо не исполниле.

Велгошти исто како и сите останати населени места во охридско е под ударите на „белата чума“. Претседателот на ГДУ, Петар Колев ,се заблагодари за гостопримството на велгоштани и потсети дека време е за промена, а не за замена. Во разговорите ја побара нивната поддршка на 21 април масовно да го заокружат бројот 4 за Михаил Трендафилов- Нанче, се вели во соопштението од ГДУ.

To Top
Close