Република

Заев: Конечно, по 10 години ќе добиеме претседател на државата

 

– Денеска слободно можеме да кажаеме дека успешно заедно одиме напред. Ги победивме омразата, конфликите и неправдата. Европа и светот аплаудираат, вам ви аплаудираат.  Граѓаните имаат потреба од претседател на својата држава и конечно, по 10 години ќе добиеме претседател на државата, човек кој ќе влече напред, Стево Пендаровски. Не знам што вели задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Будимпешта, ама знам дека Македонија ќе добие претседател, европски претседател. Одиме напред со Стево Пендаровски, истакна меѓу другото премиерот Зоран Заев на денешниот централен митинг на СДСМ во Скопје, во поддршка на заедничкиот претседателски кандидат, Стево Пендаровски.

Бележиме голем напредок во еконимијата, истакна претседателот на СДСМ на денешниот митинг и вети плата од над 500 евра до 2020 година.

Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски на денешниот централен митинг  рече  дека овие избори се и избори за концептот на иднината.

-Имаме неповторлива можност како генерација да оставиме трајно наследство. Обезбедена и сигурна држава, рамноправен член на сите сојузи. Оние кои мислат дека сигурноста можеме да ја обезбедиме без НАТО и ЕУ, се лажат себеси. Немаме повеќе генерации за губење и нема да и дозволиме на политичката опозиција да не вратат назад. Ова не се само обични избори за претседател, на овие избори избираме опција да продолжиме напред кон иднината, рече Пендаровски.

Стево Пендаровски е вистински консензуален кандидат за претседател, затоа што ја има поддршката од сите етнички заедници, поддршката од 30 партии и е предвесник на нашата европска иднина, порача денеска на големиот граѓански митинг, Бујар Османи од политичката партија ДУИ.

Османи порача дека денешната поддршка, денешното заедништво ја покажува европската срж на нашето општество, ја покажува вистинската слика на Европа на Балканот и е доказ дека се движиме на вистинскиот пат.

„Пендаровски е симбол на нашата внатрешна инетргација и кохезија помеѓу различните етнички  заедници. Тоа е нашата предност и како граѓани и како заедница и како држава. Тоа е нашата предност на 21 април наспроти другите кандидати.  Токму затоа Стево Пендарвоски ќе биде идниот претседател на Република Северна Македонија, ќе биде гласот на разумот и  претседател кој ќе ги обeдини сите заедници и во добри и во лоши времиња“, истакна Османи.

To Top
Close