Свет

Почина Мира Марковиќ – сопругата на Слободан Милошевиќ

Мира Марковиќ, сопругата на поранешниот претседател на СР Југославија и на Србија, Слободан Милошевиќ и поранешна претседателка на југословенската левица, почина попладнево во Москва, Русија во 77 година од живото, пишуваат српските медиуми.

Марковиќ, починала во Русија, каде што живееше во последните 16 години. Според информациите кои ги објавија медиумите, имала четири операции во болница во Сочи.

Апелацискиот суд во Белград неодамна ја укина пресудата со која Марковиќ е осудена на една година затвор поради злоупотреба на службената положба при доделување на државни станови. Судот наложи судењето да се повтори.

Најчитани

To Top
Close