Свет

Протести во Котор, стотици граѓани се против смената на градоначалникот Владимир Јокиќ

Стотици граѓани денеска во Котор излегоа на протест изразувајќи незадовлство од смената на градоначалникот Владимир Јокиќ. Собирот се одржа под слоганот: „Кој го предава Котор?“. Демонстрантите порачаа дека се против смената на градоначалникот Владимир Јокиќ (демократ) и ја повикаа СДП да се откаже од иницијативата за негово разрешување, додека не се создадат услови за одржување на фер слободни избори.

При секое спомнување на СДП и имиња на советници од оваа партија, демонстрантите свиреа. Тие го повикаа ракводството на СДП да се врати и да ги исполни своите обврски во локалната владејачка коалиција со демократите, ДФ, УРА и СНП и им порачаа избраниците од СДП да престапан да го саботираат работењето на мнозинството во локалниот парламент, нешто што партијата на Ранко Кривокапиќ го прави месеци наназад.

Доколку ова не се направи, како што беше кажано на протестот граѓаите на Котор и останатите избраници од локалната власт , ќе сметаат дека СДП отворено склопила коалиција со опозициските партии во овој град и на тој начин ја прекроила изборната воља на граѓаните од последните локални избори кои се одржаа во октомври 2016 год.

СДП пред десетина дена формално покрена иницијатива за разрешување на Јокиќ, обвинувајќи го за самоволие, неисполнување на стратешки развојни планови и нанесување на штета на Котор.
Нивната иницијтива со свои потписи ја подржаа и пратениците од ДПС, СП и ХГИ, а седницата СО која е закажана по нивно барање на која ќе се разгледува прашањето на поверењето на градоначалникот е закажана за 24 април.

https://www.youtube.com/watch?v=2_Znqv99ilk
Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток