Македонија

Река до Пендаровски: Ниту еден голем криминалец не е во затвор!

Во денешната емисија „Детектор“ кандидатот за претседател на Република Македонија, Блерим Река му се обрати на Стево Пендаровски потсетувајќи го дека во овие 2 години од власт немаат ниту еден голем криминалец затворено.

-Како можеме ние да ги убедиме странските инвеститори ако имаме условни судски одлуки и корупција, со одлуки кои наместо судска одлука за затвор ги пуштаме во домашен притвор и така натаму. Значи во оваа држава може полицаецот за 20 евра да се казни ако зема корупција или мито, но не може тие што земаат милиони со тендери и со јавни набавки не можат да одат во затвор. Која е ве молам некој во затвор за мега корупциски скандал, упати прашање Река до Пендаровски.

На ова прашање Пендаровски беше затечен и не знаеше што да одговори.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток