Македонија

Дескоска: На митинг бев со приватно возило, поздрав до фотографката

Секој вистински новинар прво ќе знае дека министрите немаат на располагање службени мерцедеси, туку пасати, напиша на Фејсбук министерката за правда Рената Дескоска по обвинувањата дека на централниот митинг била со службено возило.

– Со обична проверка на регистрацијата лесно ќе утврди дека мерцедесот со кој „ме фатиле жива” е во приватна сопственост, а не е службено возило. Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност.  Така што, вистината е следна: бев на митинг денес, но не со службено возило, туку ме зедоа сопартици со нивно приватно возило.
П.С. Поздрав до фотографката.

На почеток