Република

Силјановска: Во наредниот период фокусот ќе ми биде на Албанците и на останатите

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска во денешната претседателска дебата на телевизија Сител рече дека во преостанатиот дел од кампањата во фокусот ќе и бидат Албанците, Ромите, Турците и останатите други етнички заедници.

– Луѓето ги разбирам како индивидуи кои треба да бидат еднакви пред Уставот и пред законите. Не почитувам поданичка политичка култура. Значи постојано велам сите ќе ги вклучам околу мене врз основа на стручност и компетентност прво, а потоа врз основа на принципот на правична застапеност, рече Силјановска..

To Top
Close