Македонија

Села: Ние никогаш нема да поддржиме некој кој не е како нас и не е Албанец

Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва, од митингот во тетовско Желино, порача дека на 21 април ќе се случи голема промена со политичкото минато.

Укажа дека со неговиот нов концепт ќе ги корегира досегашните политики на власта.

-За да биде држава, треба да има владеење на правото. Немаме друга опција, освен ЕУ и НАТО, а корупцијата и невработеноста мора да запрат. Треба да се знае и дека ние не сме статистички народ, туку ние сме Албанци, рече Река.

Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села упати критики до СДСМ и ДУИ зашто, според него, Албанците во оваа коалиција не се добро претставени.

-Имаме должност да ја тргнеме вашата маска и тоа што 18 години манипулирате со Албанците. Ние никогаш нема да поддржиме некој кој не е како нас и не е Албанец, нагласи Села.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток