Свет

Земјотрес на Закинтос

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го стресе грчкиот остров Закинтос во Јонското Море, соопшти атинскиот Национален институт за геодинамика.

Потресот е регистриран околу еден часот по полноќ, со епицентар на 55 километри југозападно од островот.

Како што пренесе грчката новинска агенција АНА, засега нема извештаи за евентуални штети или повредени.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток