Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните вчера испратија јасна порака дека не ја поддржуваат оваа Влада

Граѓаните држат до сопствените чест и углед, па затоа одбија да се качат во автобусите и да дојдат на митингот на човекот кој ги навредуваше нарекувајќи ги „стока“.

„Автобусите организирани од страна на Пендаровски и Заев останаа полупразни бидејќи народот е за враќање на правдата во Македонија.

Расипничкото, криминално владеење на Заев и Пендаровски доведе до најслаба посетеност на нивниот централен митинг вчера во Скопје. Иако главниот град на Република Македонија беше блокиран од автобуси кои СДСМ ги донесе од цела држава, митингот беше дебакл.

Граѓаните испратија јасна порака дека не ја поддржуваат оваа Влада. Луѓето ниту со сила, ниту со закани, уцени и притисоци не прифатија да бидат искористени за верифицирање на антидржавните политики на Заев и Пендаровски.

Народот не сака повеќе да биде манипулиран, лажен и краден. Криминалот, непотизмот, хаосот во земјоделието, фамилијарните бизниси на сметка на државата, катастрофите во земјоделските политики на маката на земјоделецот се олицетворение на СДСМ за овие две години власт.

Стево Пендаровски и Зоран Заев ќе изгубат на овие претседателски избори. Народот ја даде  поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Сиљановска Давкова кога се појави во рекорден број на централниот митинг во Скопје пред Владата на Република Македонија.

Јасна е пораката која народот ја испрати до СДСМ и Пендаровски кои треба да почнат да се подготвуваат за голем пораз. Народот ќе избере жена Претседател. На Македонија и треба правда. Татковината повикува“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток