Скопје

Шилегов: На вашиот митинг, драги Курирци, имаше бајаги повеќе ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги демантира објавите дека вработени во градското јавно претпријатие Комунална хигиена, биле принудувани да присуствуваат на митингот на СДСМ, што се одржа вчера во Скопје. Порталите каде беа објавени овие написи Шилегов ги нарекува „курирци“ поради блискоста со опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

„После “невидениот скандал” што го откри Курир, дека сум ги приморувал вработените од КХС да присуствуваат на митингот на Стево Пендаровси, должам мало вербално и фото појаснување:

Комунална хигиена со луѓе и опрема беше “присутна” на двата митинга. Додуше, на Вашиот митинг, драги Курирци, исто како и лани, имаше бајаги повеќе ѓубре.

Хигиената на улиците лесно се воспоставува.
Хигиената во главите на Курирци ?

Признавам, тешка работа. Голема е таа депонија …“, напиша Шилегов.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток