Република

Зајакнати сообраќајни контроли во Битола и Штип

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола викендот (12,13,14) април извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, било констатирано дека 87 возачи ја пречекориле дозволената брзина, 23 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 14 возила, 11 возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото и 12 возачи не користеле сигурносен појас.

На 12.04.2019 година во периодот од 11.00 до 17.00 часот СВР Штип спроведе акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. При контролата било констатирано дека 23 возачи управувале со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, додека 39 во населено место. Санкционирани се и 18 останати прекршоци..

To Top
Close