Македонија

САД в понеделник го праќа Метју Палмер во Македонија

Американскиот заменик помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер, в понеделник ќе престојува во посета на Република Македонија, информираа од амбасадата на САД во Македонија.

„Палмер ќе допатува во Македонија во понеделник, 22 октомври, на разговори околу поддршката на САД за договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија. Тој ќе се сретне со претставници на Владата и политичките партии, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров“, наведуваат од амбасадата.
Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток