Магазин

(ВИДЕО) Умре најретката желка, во светот од овој вид останаа уште три

Во кинеска зоолошка градина умре уште една од најретките желки во светот, џиновската желка со мек оклоп Rafetus swinhoei (џинот од Јангце), јавува Би-би-си . Сега остануваат само три такви желки на нашата планета.

Желката, која била стара повеќе од 90 години, пцовисала 24 часа откако експертите по петти пат се обиделе вештачки да ја оплодат.

„Немаше компликации од операцијата и таа беше добро, но состојбата ѝ се влошила наредниот ден“, изјавиле од зоолошката градина во Суџоу.

Природниот дом на џиновската Јангце желка се реката Јангце и езерото Таиху во Кина, но овој вид денес се смета за еден од најзагрозените на светот.

To Top
Close