Скопје

Сообраќајната полиција со полни раце работа во Скопје

Во текот на изминатиот ден (16.04.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 54 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно. Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, осум поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 17 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 32 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 117 мандатни платни налози и 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатиот ден се случиле две сообраќајни незгоди во кои едно лице го загубило животот, а едно лице се здобило со телесни повреди.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток