пон. Сеп 16th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Над 500 учесници во ролеријада 2019

Лана Нацев од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во женска конкуренција и Алексеј Нелепа од ОУ „Љубен Лапе“ во машка конкуренција се годинешните победници на познатата „Ролер трка 2019“, што денеска се возеше на булеварот Илинден. Во трката со ролери учествуваа над 500 ученици од триесетина основни училишта од Скопје и од околината. Учесниците тргнаа од пред фонтаната „Лотосов цвет“ и возеа по булеварот Илинден до раскрсницата со улицата Никола Тесла, а потоа, повторно назад до целта.

– Мило ми е што ДКЦ веќе осум години по ред ја организира оваа Ролеријада, манифестација во која учествуваат ученици од повеќе од 30 основни училишта од Скопје и околината. Градот Скопје го стимулира спортскиот начин на живеење, а различниот начин на движење го практикувам и јас самиот. Во оваа трка нека победат најдобрите – рече градоначалникот Шилегов на отворањето на трката.
На Ролеријадата беа доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и во женска категорија. На целта први пристигнаа:

Во женска категорија:

Прво место – ЛАНА НАЦЕВ , ОУ „ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“
Второ место – ИВАНА ВАСИЛЕВА, ОУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – Стајковци
Трето место – МИХАЕЛА АРСИЌ, ОУ „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“

Во машка категорија:

Прво место – АЛЕКСЕЈ НЕЛЕПА, ОУ „ЉУБЕН ЛАПЕ“
Второ место – ДАМЈАН ПЕШЕВСКИ, ОУ „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“
Трето место – ДАМЈАН ЗЕНГОВСКИ, ОУ „АЦО ШОПОВ“

Трката на ролери „Возиме кон иднината“ ја организира Детскиот културен центар „Карпош“ со поддршка од Град Скопје и годинава се одржува по осми пат.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close